fbpx

Ласкова: Сите заедно за промени, за среќни семејства во Македонија!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Обраќање на координаторката на форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова,
Осмомартовски марш под мотото „Ти си ТАА промена – заедно за Македонија!“
Охрид, 06.03.2016

Драги мои пријателки. Драго мое семејство. Вие сте моето семејство. Голема е честа денеска да зборувам од името на сите вас , а Македонија да го чуе гласот на жената социјалдемократка.

Денес Охрид маршира. Денес жените од цела Македонија маршираат. Денес Македонија е на нозе. Стојам пред вас за да ве уверам во мојата искрена верба дека нема сила што може да ме запре во напорите за обединување на сите жени во Република Македонија.

Македонија била и ќе биде вековна и европска. Таа е наша земја. Земја на сите граѓани и граѓанки кои живеат во неа. Зарем е поразлично чие срце страда? Зарем солзите или насмевките на жените имаат верска, етничка или партиска боја? Сите ние многу добро знаеме што е неправда. Сите ние многу добро знаеме што се правиме за да надвладее разумот и да го спречиме самоволието. Но, најдобро знаеме како до патот на слободата, демократијата, еднаквите можности за сите и правдата. Тоа го докажуваме.

Ние сме тие што се изборивме за 40 проценти застапеност на сите жени во сите партиски органи и тела, подржани од нашите сопартијци. Им благодариме. Денес успеавме таа промена да ја внесеме и во изборниот законик со што направивме историски исчекор за сите жени во Република Македонија.

Одлучно и цврсто се бориме против насилството. Нашата борба продолжува за еднакви плати на мажите и жените, за заштита на правата на работничките, за подобра здравствена заштита на жените , за живот и работа за нашите деца овде, покрај нас.

Сакаме Македонија да биде земја на среќни семејства. Kако што вели еден цитат – жените се архитекти на општеството. И нема сила што може да застане на тој пат, за достоинствен живот, за еднакви шанси на сите граѓани и граѓанки во Република Македонија. За живот во кој нема поделби по партиска, верска или етничка, за живот каде нееднаквоста и неправдата ќе бидат синоним на минатото.

За живот каде беззаконието и богатењето на сметка на друг ќе бидат казнувани.

Почитувани другарки , СДСМ е партија во Република Македонија којаштое на чело со нашиот лидер Зоран Заев се бори за тие вредности. Сите ние жени членки, симпатизерки и подржувачки на СДСМ следејќи го неговиот пат покажавме и докажавме дека сме истрајни, силни, храбри, достоинствени и верни на заедничката цел.

Не очекуваат избори во Република Македонија.

Избори кои ќе бидат избор помеѓу правдата и неправдата.

Избори кои ќе бидат избор помеѓу способните и неспособните, помеѓу совесните и несовесните. Избори кои ќе стават крај на безумието и сиромаштијата.

Избори на кои ќе победат вистината и демократијата. На кои ќе победи Социјал – Демократскиот Сојуз на Македонија, на кои ќе победи Македонија .

Денеска во пресрет на меѓународниот ден на жената, од древниот Охрид го вперувам прстот кон секоја жена во Македонија и велам – Ти си таа промена .

Ајде сите заедно за подобар живот на нашите синови и керќи.

Ајде заедно . Македонија е едно општество.

Ајде сите заедно за европска Македонија.

 

 

 

 

 

Последни вести