fbpx

Обвинителство да постапи по скандалот на градоначалниците на ДПМНЕ со купувањето поскапи машини

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани,

Надлежното Јавно обвинителство мора да постапи и да ги истражи сомнителните јавни набавки со астрономски цени во општините под капа на ДПМНЕ.

Новата афера на градоначалниците на ДПМНЕ кои купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена мора да се расчисти.

Еве ги договорите за спорните јавни набавки по астрономски суми.

Овие документи кои се и јавно достапни покажуваат дека општина Битола за речиси 50.000 евра набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација.

Општина Велес исто така под капата на ДПМНЕ купила иста таква машина по цена од околу 40.000 евра.

Овие цени се драстично повисоки од реалните цени на пазарот. Исти вакви машини може да се најдат и по 3 и до 5 пати помали.

Општина Илинден на пример и многу други општини набавиле таква машина по три пати пониска цена од астрономските цени кои се платени во општините Велес и Битола.

Сите овие информации се основано сомнение за злоупотреба на парите на граѓаните.

Прашањето е во чии џебови завршила разликата?

Очекуваме надлежното јавно обвинителство да отвори истрага за оваа афера.

Одговорност за оваа шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има.

ДОГОВОР СКЕНИРАН

dogovor first-ing

Последни вести