Соопштение за јавност
Мицкоски, Милошоски и многу други од ДПМНЕ се последни кои имаат некаков образ, затоа што тие се пример за непотизам.
Мицкоски е вработен на Факултет кај својот татко, прво како асистент.
Мицкоски во минатото раководеше со АД ЕЛЕМ, а токму во ЕЛЕМ-турс беше вработен Горан Манасиевски, прв братучед на Христијан Мицкоски.
Милошоски цела фамилија ја вдоми со ДПМНЕ.
-Неговата снаа Александра е вработена во УЈП,
-Неговиот вујко Владимир е вработен во Катастар,
-Братучедот на Милошоски, Станко е вработен во Централен регистар,
-Братучедката Елизабета е вработена во основно училиште,
-Неговиот зет Марјан беше раководител во МЕПСО.
Милошоски и Мицкоски нека излезат и нека ги повикаат своите роднини да се повлечат од работните места во јавната администрација и државните компании.