fbpx

Астрономски цени за машини, ДПМНЕ повторно фатена со рацете во медот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ДПМНЕ повторно е фатена со рацете во медот.

Општини раководени од ДПМНЕ со пари на граѓаните, набавуваат машини по астрономски цени, кои се неколку пати повисоки од реалните.

Општина Битола за речиси 50.000 евра набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација.

Општина Велес купила иста таква машина за околу 40.000 евра.

Исти вакви машини може да се најдат по цени кои се 3 до 5 пати помали.

Разликата меѓу набавната и реалната цена е огромна.

ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е партија на која не и се битни граѓаните, туку само личното богатење на одредена група луѓе.

Последни вести