fbpx

Партизирањето на институциите беше одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, денес, институциите вработуваат транспаретно

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Изгубена во своите лажни вести, антинародната ВМРО-ДПМНЕ почна да користи медиумски шпекулации кои се јавно демантирани.

Времето на масовна партизацијата на институциите и злоупотреба на државната администрација заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Времето на списоци за вработување и црни тефтери како оние на Гордана Јанкуловска, исто така заврши.

По започнатиот процес на реформа и професионализација на администрацијата, институциите денес работат професионално, независно и во интерес на граѓаните.

Сите процеси на вработувања се транспарентни, според јасно утврдени законски услови и за сите лица важат еднакви критериуми.

Очигледно е дека антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со професионални институции и еднакви услови за вработување и затоа постојано шири лажни вести и конструира непостоечки случаи.

 

Скопје, 01.12.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести