fbpx

Очаен е обидот на ДПМНЕ и Стоилковски со невистини и фабрикувани лаги да се напаѓа УЈП

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

ДПМНЕ и Стоилковски не ја говорат вистината.

Бидејќи УЈП нема извршено поврат туку фирмите за кои зборуваат имаат даночен долг за кои службите во УЈП постапиле.

Дополнително, по констатираните состојби прибавените докази од извршените контроли се доставени до Управата за финансиска полиција за понатамошно постапување согласно нивните законски надлежности.

УЈП ниту вратила поврат, ниту дозволила незаконски постапки. Тоа е факт.

Очаен е обидот на ДПМНЕ и Стоилковски со невистини и фабрикувани лаги да се напаѓа професионалната работа на УЈП.

Последни вести