Соопштение за јавност
По овие избори, СДСМ ќе формира влада на чело со претседателот Димитар Ковачевски и силно ќе го продолжиме европскиот пат кон 2030-та, кога Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ, вели во интервју за Фокус заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.
-Тоа ќе биде победа на разумот и желбата да направиме сè нашата држава да живее по стандардите на членките на Унијата. Има многу истражувања, кои укажуваат дека голем дел од младите што се иселиле од своите земји пред тие да станат членки на ЕУ, се вратиле дома кога нивните држави се израмниле во редот со државите-членки на ЕУ. Тоа е и треба да ни остане најголема мотивација, вели Лукаревска.
Опозицијата нема став, нема план, ќе ни ги кажеле некогаш понатаму, додава таа.
-Што има опозицијата? Нема став, туку некакви ветувања за кои ќе ни кажеле како ќе ги остварат некогаш понатаму. И да, нивната стратегија е стратегија на конфликти. Тоа и го најавија уште пред формирањето на техничката влада. Затоа повеќепати повторувам дека овие избори имаат референдумско значење. Дали ќе продолжиме напред или ќе се струполиме назад, вели заменик претседателката Лукаревска за Фокус.