fbpx

На локално и на централно ниво се преземаат мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух, којшто ВМРО-ДПМНЕ го игнорираше

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во рамките на своите надлежности повеќе институции, на локално и централно ниво, како и Градот Скопје преземаат мерки и работат на решавање на наследниот проблем со загадениот воздухот, којшто 11 години беше игнориран од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај мерките коишто ги преземаат институциите на централно ниво, и Градот Скопје на овој наследен проблем му пристапува стратешки и реализира мерки во сите области кои се детектирани дека придонесуваат во загадувањето на амбиенталниот воздух.

Дел од овие мерки преземени од Град Скопје се и:

1. Обновување на дрворедите на скопските улици, оние кои од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа исечени и никогаш не беа заменети и обновени. Обновени се дрвореди и засадени се нови во Ѓорче Петров и на Бит Пазар.

2. Во пролетна акција за засадување дрвја беа засадени повеќе од 6.000 нови дрвја. Во есенска акција за зазеленување на Скопје предвидено е засадување на нови 3.500.

3. Во изминативе 6 месеци подигнати се нови и реконструирани се зелени површини на над 50.000 метри квадратни. Се подговтуваат и нови големи зелени површини – нов парк позади Македонската филхармонија и нов парк – зелен кров на ГТЦ.

4. Зголемен е инспекцискиот надзор на индустриските капацитети, зголемен е капацитетот на инспекциските служби кои работат во две смени и ги контролираат сите.

5. Засилени се контролите на целата територија на Скопје за диви депонии. Само во една голема акција расчистени се над 3000 метри кубни смет. Промовиран е и посебен телефонски број за граѓаните да можат да пријават диви депонии.

6. Формирано е новото јавно претпријатие за гасификација и проектирање на гасоводен систем. Интензивно се работи и на проширување на топловодната мрежа.

7. Оваа година доделени се субвенции за граѓаните кои се греат на печки на дрво и останати течни горива, да набават печки на пелети кои загадуваат многу помалку.

8. Во јавниот градски превоз беа вклучени неколку еколошки автобуси на гас кои не го загадуваат воздухот, а се воведе и електричен автобус. Следната година Скопје добива 40-тина нови еколошки автобуси на еколошко гориво со што ќе се заменат старите дотраени дизел возила на ЈСП.

9. Воведени се бесплатни автобуски линии до Водно, за растеретување на сообраќајниот метеж и олеснување на пристапот за сите граѓани. Бесплатниот автобуски превоз во деновите на висока загаденост е една од мерките кои се активираат кога е потребно.

10. За зголемување на енергетската ефикасност Град Скопје ги замени фасадите на 11 средни училишта, чии објекти беа детектирани како загадувачи на воздухот.

11. Набавени се прочистувачи на воздухот за сите средни училишта на Град Скопје.

12. Се преземаат акции за рачно миење на градските улици и булевари за намалување на прашината и ситните честички.

Овие мерки се само дел од планот како Скопје повторно да биде чист и зелен град.

Преку Планот за чист воздух кој опфаќа низа на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, интензивно се работи на намалување на загаденоста на воздухот во земјава која за две години се очекува да се намали за 50% во Скопје и 30-50% во другите градови.

Последни вести