Соопштение за јавност
Антизападниот пион Христијан Мицкоски уште еднаш потврди дека за него и за ВМРО-ДПМНЕ приоритет е одбрана на осудениот Никола Груевски и на криминалите политики кои оставија многу работници без егзистенција и многу фабрики затворени.
Криминалната ВМРО-ДПМНЕ со години ги лажеше граѓаните во целиот полошки регион дека ќе им го реши на проблемот со Југохром, но за жал тоа не се случи.
Маката на напатените работници и на граѓаните од Полошко беше резултат на игнорирањето на нивниот проблем од криминалната власт на ВМРО ДПМНЕ.
Сега е решен проблемот од страна на владата предводена од СДСМ и тоа во интерес на работниците, граѓаните и животната средина.
Со ангажманот за рестартирање на Југохром, новата влада предводена од СДСМ уште еднаш го покажа токму тоа како се решаваат наследните проблеми оставени од ВМРО ДПМНЕ, како се работи во интерес на граѓаните, на работниците, на животната средина.
Рестартирањето на Југохром значи обезбедување на сигурни плати за стотици наши сограѓани и секако обезбедување на стабилен доход за стотици семејства токму во Јегуновце и во целиот тој регион.
Исто така, рестартирањето на Југохром значи дополнително придвижување на економијата.
Со изградбата на новата филтерската постројка го решаваме и проблемот со загадувањето на животната средина.
За разлика од антинародната и криминална ВМРО-ДПМНЕ која 11 години го злоупотребуваше македонскиот народ и власта, владата предводена од СДСМ останува посветена на заложбите да се грижи за граѓаните како единствен и врвен приоритет.
Скопје, 22.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА