fbpx

Костадиновска Стојчевска: СДСМ е определена за напредок на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ни треба стабилна држава, ни треба држава којашто ќе биде полноправна членка на ЕУ, ни треба држава којашто ќе биде стабилен НАТО партнер, ни треба држава со функционално Собрание во кое опозицијата нема да биде нотирана како единствена партија којашто ги кочи сите можни процеси во една држава. Ни треба држава којашто ќе продолжи да ги зголемува платите, да ги зголемува пензиите, да мисли на стандардот на граѓаните, што значи дека патот на стабилноста е тој пат што ние како партија се движиме и ќе продолжиме да се движиме понатаму, истакна потпретседателката на СДСМ и министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, во вестите на Канал 5 телевизија.
Костадиновска Стојчевска, нагласи дека СДСМ како партија останува определена за напредок на државата.

Тоа е наративот којшто го имаме од првиот ден кога сме на позиција да ја водиме државата, и тој е наративот што го имаме за сите избори, порача Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека прашањата за заеднички листи е сеуште се отворени и сеуште е рано да се носат заклучоци дали некој ќе доаѓа или нема да доаѓа заедно да ја водиме државата.

Во врска со лажните обвинувања на опозицијата, Костадиновска Стојчевска нагласи дека нема да дозволи да извртуваат одредени детали, како на пример што беше во реакцијата на претседателот на комисијата за култура на ДПМНЕ, дека се доделуваат пари за организација и учество на фестивал во Косово.

И многу е интересно, што е тоа што тој не сакал да го спомене, а тоа е дека се работи за учество на пет театри на кои само им се покриваат патните трошоци за да учествуваат на овој фестивал, кадешто учествуваа и во 2023 година, учествуваат секоја година и секоја година министерството за култура им ги покрива патните трошоци, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа нагласи дека до 2016-та година кога се објавуваа конкурсите за култура на ДПМНЕ, тие се објавуваа без суми, не се објавуваа никакви детали, не се објавуваа ниту членовите на комисиите.

Со транспарентно работење, со објавување јавно кој е добитник, колкава сума добил, за каков проект се работи ќе можеме да го тргнеме она што тие ни го наметнаа 11 години, а тоа е дека нивниот патриотски дух се храни само и само со пари, истакна потпретседателката на СДСМ и министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, во вестите на Канал 5 телевизија.

Последни вести