Соопштение за јавност
Пионот Христијан Мицкоски очигледно продолжува да ги следи праксите на неговиот ментор, осудениот криминалец и бегалец од правдата Никола Груевски па затоа се обраќа исклучиво преку социјалните мрежи.
Црното време заврши со заминувањето во опозиција на ВМРО-ДПМНЕ предводено од криминалецот Груевски и неговите соработници, време кога цветаа криминалот, корупцијата, кога во Македонија светски криминалци како Субрата Рој лажно беа претставувани како инвеститори.
Денес, Македонија и нејзините граѓани живеат ново време на напредок, развој и интеграција. Само во првото полугодие од 2018 забележан е рекорден износ на странски инвестиции од 327 милиони евра.
Наместо да го брани криминалот на неговиот ментор Груевски, Мицкоски може да учи како се води економија и како се привлекуваат директни странски инвестиции.
Пионот Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не нудат ништо, немаат решенија за граѓаните, нивната единствена политичка агенда е одбрана на криминалот на Никола Груевски.
Но, врвот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да го одбранат криминалот на Груевски, нема да ги вратат државата и граѓаните во црните времиња.
Македонија чекори напред кон ЕУ и НАТО како демократска, слободна и економски просперитетна држава.
Скопје, 22.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА