Соопштение за јавност
Членот на Извршниот одбор на СДСМ Петре Шилегов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, нагласи дека е добро што денеска пратеничката група на СДСМ во скратена постапка донесе измени во законот за безбедност во сообраќајот, така што проблемот со издавањето на возачки и сообраќајни дозволи се одложува до крајот на годината.
Мене ми е малку е криво и тоа придонесува за создавање дополнителни нереди, паники, нервози и загриженост кај граѓаните, а тоа се лаконските ветувања на новата структура на МВР дека проблемот брзо ќе се реши, дека е решлив, со давање контроверзни изјави. Во петокот министерот дава изјава дека нема да бидат казнувани граѓаните, вчера дава изјава дека ќе бидат казнувани, посочи Шилегов.
Тој рече дека процесот има пропусти, но суштината од каде што се генерираат проблемите, е што собранието беше во сериозна блокада од страна на ДПМНЕ и не ги донесе законите, што се однесуваат на личните документи.
Изгубивме 2,5 години во собраниска блокада, за останатите 2,5 години беа издадени 1 милион и 250.000 пасоши, ако имаше 5 години ќе се издадеа 2,5 милиони пасоши, истакна Шилегов.
Во врска со уставните измени и продолжувањето на европскиот пат, Шилегов нагласи дека не го разбира ставот на ДПМНЕ, зошто им смета подеделбата на македонскиот и бугарскиот народ, како различни народи, сакаат да влеземе во ЕУ, а како?
Преговарачка рамка не е бугарска, туку консензуално утврдена од 27 држави. За да се смени, 27 влади треба да убедиме да ја сменат преговарачка влада, што бараат како добра волја од Бугарија, да им прати димен сигнал? Ако Бугарија регистрира здружение на Македонците во Бугарија, дали ДПМНЕ ќе гласа за уставните амандамни, запраша Шилегов, додавајќи дека евтини политички поени, бранење на некакви национални позиции, кога убаво звучи, кога човек се лупа во гради во политиката со паролите кои се многу едноставни за изговарање и тоа им е потребно за кампањата што следи.
Шилегов нагласи дека политичките партии се должни да ги дефинираат националните интреси на Македонија.
Тоа подразбра заедничко чекорење во одредени процеси, секое раздвојување во тие заеднички чекорења, кон заедничка цел создава конфузија кај граѓаните, истакна Шилегов, додаваќјќи дека процесот на преговори прави значителни промени во државата, економијата и општеството.
Главните постулати на политиките на СДСМ се поставени, добро познати на јавноста. Прашањето е што би добила Македонија, ако скршне од овој пат. Дали би добила квалитет или реторградност во процесите, со опозицијата ќе се врати неколку чекори назад, со стопирањето на евроатлантските интеграции, не мислам дека ќе имаме добри општествени случувања, истакна членот на Извршниот одбор на СДСМ Петре Шилегов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.