Соопштение за јавност
Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години тајно и неконтролирано ги задолжуваше граѓаните заради лично богатење на поединци, денес шири лажни вести не можејќи да се помири со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ.
Лажни се наводите на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ дека вчера е направен долг од 98 милиони евра.
Напротив, како што и јавно објави Министерството за финансии, на вчерашната аукција на хартии од вредност запишани се 97,6 милиони евра по исклучително ниски каматни стапки, а веќе денеска се вратени 97,2 милиони евра за порано издадени и досепани за отплата државни хартии од вредност, така што со вчерашата аукција речиси и да нема ново нето задолжување.
Времето на неконтролирано и расипничко задолжување заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денес, Владата предводена од СДСМ одговорно управува со јавниот долг, фреквенцијата на задолжување е намалена двојно, а каматните стапки се далеку пониски од оние од претходните задолжувања.
Растот на просечната плата на 24.355 денари во септември е последниот показател дека економијата е стабилизирана и оди во добар правец.
Трендот на растот на платите продолжува и наредната година за кога се предвидени нови покачувања на платите со сите сектори. Владата предводена на СДСМ останува посветена на обезбедување поголеми плати, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.