Соопштение за јавност
„Можам да кажам дека СДСМ навистина располага со еден голем кадровски потенцијал и затоа беа предложени поголем број на кандидати, меѓу кои што е и актуелниот претседател г. Пенадорвски, меѓутоа и бивши претседатели на партијата, бивши претседатели на државата, бивши секретари на партијата и видни истакнати членови на нашата заедница како на пример поранешни истакнати судии итн, кои што сите се би рекол луѓе кои што навистина заслужуваат почит и кои што заслужуваат да бидат контактирани и да бидат прашани дали би сакале да бидат дел од кампањата на СДСМ.“ истакна претседателот на СДСМ Ковачевски во интервјуто за МИА.
Претседателот Ковачевски во интервјуто се осврна и на профилот на кандидатот за претседател и иден претседател „Тоа е кандидат којшто ќе дели европски вредности, кој ќе се залага за заокружување на процесот на ЕУ интеграции на државата до 2030 година, кој нема да ги дели граѓаните по ниту еден основ, не само етнички туку и по било која припадност на било кој граѓанин на нашата држава. Сметам дека СДСМ е единствена партија која може да даде таков кандидат и се потврдило во минатото дека кандидатите кои биле предложени од СДСМ а кои што станале претседатели на државата застапуваат токму такви вредности.“
Осврнувајќи се на коалицискиот потенцијал на СДСМ, претседателот Ковачевски посочи дека исклучително се важни основните вредности кои треба да ги имаат оние кои што се дел од проевропската коалиција, односно оние кои можат да бидат дел од коалицијата „Меѓутоа, кога прашувате кој не може да биде, секако дека политички партии кои што се за некакви алтернативни решенија а не за зачленување во ЕУ, бидејќи во Северна Македонија нимаме два концепти – едниот е за ЕУ, другиот е за изолација. Вие имате претседатели на политички партии кои велат дека 100 години немаме да влеземе во ЕУ, а ако треба и никогаш. Имате политичка партија чијшто претседателски кандидат излегува и вели дека треба да се поништи нашето зачленување во НАТО. Да се одржуваат поблиски односи со Кина отколку со ЕУ.“ истакна Ковачевски.
Претседателот Ковачевски во интервјуто посочи дека е економската поврзаност на нашето оптшество е со ЕУ е од стратешкиот интерес на граѓаните, но и желбата на граѓаните „Нашиот извоз и увоз е над 60% со ЕУ. Нашите инвестиции над 70%, странски, доаѓаат од земјите членки на ЕУ. На крајот и нашите граѓани кои што одат да работат во странство, одат да работат во земјите членки на ЕУ. Тие не одат да работат во Кина, во Русија или не знам какви сателит држави на Русија. Тие одат во ЕУ, зошто? Затоа што во ЕУ има економски напредок, социјална правда и врвно владеење на демократијата и правото.“ истакна Ковачевски.