Соопштение за јавност
Во ДПМНЕ гледаме дека нема никаква промена, тоа е истата партија од минатото, не се поместени ниту милиметар, немаат програма, немаат политичка понуда, нема идеја, став – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во скопска Кисела Вода, на отворањето на промотивниот штаб на СДСМ.
-Ги гледаме нивните градоначалници, за 2 години ниту еден проект не реализираа. Гледаме каков хаос се случува во Скопје. Не само што нема капитални проекти, не само што нема развој, нема елементарен градски превоз. Јас често одам во Кисела Вода. Вие имате можеби во јавноста најактивен градоначалник. Тој има цел ден на ФБ постови, она што го видов единствено е дека работи и во сабота, но не видов ништо сработенo. Истите дупки по улиците, истата неискосена трева, истата неичистени и улииц. Истите преполни контејнери. А работи и во сабота. Ама не е работа да седиш во канцеларија по цел ден. Работа е да излезеш и да сработиш, рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ се осврна и на случајот во Ѓорче Петров, општина раководена исто така од ДПМНЕ.
-Гледајте го Ѓорче Петров: малку биле 15 спрата, 20 ќе правеле, па не една, 2-3 згради, па да биде комплет – две хемиски фабрики. Ама кај е проблемот, тука заседава советот. Советниците од Левица, борците за правда знаете кај биле на совет кога се одлучувало? Дома биле. Затоа ви кажувам тоа се едни најобични популисти, едни лажови од светски калибар кои за пари не 20-катници, 60 катници ќе стават – рече Ковачевски.
Затоа едноставен е изборот. Или држава со европски стандарди или држава во изолација, со контролирани медиуми на кои ќе гледате само тоа што ви сервираат од штабови на ДПМНЕ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.