Соопштение за јавност
МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога?
Јавноста чека одговори по скандалот со тепање полицајци и попречување акција против дрога.
Дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога?
Шефот на обезбедувањето на Мицкоски тепал полицаец, инспектор, кој си ја вршел својата работа и спроведувал акција против дрога во кафе бар во Скопје.
Овој скандал мора целосно да биде расчистен.
Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност.