fbpx

Наместо аматерски скечеви пратениците од ДПМНЕ да ги вратат дипломатските пасоши со новото уставно име

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Додека ДПМНЕ сее лаги и ги манипулира граѓаните, нивните пратеници со дипломатски пасош со новото уставно име им се посмеваат на граѓаните.

Токму оние што прават шоу по границите, како пратеникот Миле Лефков од ДПМНЕ имаат дипломатски пасош со новото уставно име, изваден пред нешто повеќе од еден месец.

Антонијо Милошоски исто така има дипломатски пасош со новото уставно име, Северна Македонија и многу други пратеници од ДПМНЕ.

Почитувани,

ДПМНЕ ги лаже граѓаните и создава уште поголем проблем со извадањето нови пасоши.

Од една страна нивниот министер за внатрешни работи во техничката Влада целосно го заглавува процесот со погрешни одлуки и чекори.

Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши го укина вадењето пасош без закажување.

Тоа го пролонгираше целиот процес со месеци. Граѓаните со денови не можат да закажат термин, а оние што се сликале не можат да го добијат пасошите со недели.

Од друга страна ДПМНЕ ги лаже граѓаните дека со законско решение може да се сменат обврски од меѓународен договор.

Така, ДПМНЕ создава уште поголем проблем за граѓаните, пасошите да им важат само дома, кадешто не им требаат а да не важат во други држави, каде што им требаат.

ДПМНЕ сака само да се прекрши Преспанскиот договор а граѓаните и натаму да ги враќаат од граници, бидејќи законот ќе важи само во Македонија.

Така што, наместо да се потсмеваат со граѓаните преку аматерски и неумешни счекеви на границите, пратениците на ДПМНЕ нека ги вратат дипломатските пасоши и нека го повикаат нивниот министер да си ја работи работата.

Последни вести