Соопштение за јавност
Додека надвор од Собранието обезбедувањето на Мицкоски тепа полицајци, внатре, пратениците на ДПМНЕ блокираат закони со кои се овозможува решавање на станбените прашања за вработните во МВР и безбедносните служби.
ДПМНЕ го блокира Законот за продажба на станови во државна сопственост доделени на користење на вработените во Министерството за внатрешни работи и безбедносните служби.
Иако овој закон е пуштен во собраниска процедура уште на 06.07.2021 година, блокиран е во Комисијата за финансирање и буџет, од страна на претседателот на комисијата од ДПМНЕ Бојан Стојановски.
Со овој закон се дава можност државните станови доделени на користење на лица кои се вработени во МВР и безбедносно-разузнавачките служби, како и на лица кои стекнале право на пензија во МВР, да ги откупат и трајно да го решат своето станбено прашање.
ДПМНЕ во македонското Собрание со активна блокада работи против интересот на граѓаните и против интересите на вработените во МВР.