fbpx

Навикнато на провизии антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ измислува лаги, на општините им се помага да ги вратат долговите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Навикнато на провизии, договорени тендери, криминални интереси и сомнителни зделки, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ измислува наводни скандали и конструира лаги за мерката со која им се помага на општините да се справат со долговите.

Најголемиот дел од долговите на општините се оставени токму од криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога парите на граѓаните наместо на реални проекти се трошеа за споменици, луксузи, непродуктивни трошоци и криминални тендери.

Со предвидената мерка, ќе им се помогне на општините да ги намалат долговите, но истовремено ќе се создаде механизам преку кои во иднина ќе се спречи радикално задолжување и нереално планирање на буџетите на општините.

Денес, единиците на локалната самоуправа и централната власт предводена од СДСМ работат отчетно, одговорно и во интерес на граѓаните, се санираат штетите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ се стабилизираат долговите, а буџетите на општините се креираат согласно потребите на граѓаните.

Зошто ВМРО-ДПМНЕ е против општините да се раздолжат и да се заштитат од идни презадолжувања?

 

Скопје, 11.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести