fbpx

Пионот Мицкоски, продолжената рака на Груевски може да се подготвува само за пораз на какви било избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Единствената политика на антизападниот Христијан Мицкоски е одбрана на криминалот на неговиот ментор и ностиел на криминалот Никола Груевски.

Се што прават Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е во насока на амнестија на Груевски и блокирање на иднината на земјата во ЕУ и НАТО.

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат никаква програма, немаат соодветна политичка понуда што носи добро за граѓаните и за државата.

Враќање назад во темното минато, изолацијата и одбрана на криминал што ги нуди Мицкоски не се избор на граѓаните.

Затоа пионот Мицкоски е поразен од граѓаните, поразен е од пратениците во Собранието.

Изолираниот Мицкоски не е сериозен фактор ниту на политичката сцена во Македонија ниту кај демократскиот свет.

Мицкоски како продолжена рака на Груевски може да се подготвува само за уште еден пораз. На какви било избори.

 

Скопје, 11.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести