fbpx

Мицкоски и антизападното ВМРО-ДПМНЕ се проитв правната држава, остануваат посветени на одбрана на криминалот на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е против правдата, против правната држава и владеењето на правото.

Пионот Христијан Мицкоски е продолжена рака на неговиот ментор и шеф, Никола Груевски и затоа е посветен само на одбрана на неговиот криминал.

Јавноста дозна дека и шемите за хридроцентралите пионот Мицкоски ги правел токму со неговиот ментор Никола Груевски.

Денешниот јавен настап и речникот на портпаролот на антизападното ВМРО-ДПМНЕ говорат за очајот во којшто се наоѓа антинародното раководство и покажува од каде ги црпат своите инспирации полни со гнев, омраза и невистина, целосно отсустни од реалноста.

Времето на политички притисоци врз судството заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Македонија денес е правна држава, со независни судски институции а законите важат за сите подеднакво.

За секој оној за кој во законска и транспарентна судска постапка, се докажало дека ги прекршил законите врз основа на што има правосилна судска пресуда мора да понесе одговорност.

Владеењето на правото е неприкосновено. Правда мора да има. Никој не е над законот ниту над правдата.

Последни вести