fbpx

Поддршка за кандидатурата на Стево Пендаровски од коалициските партнери на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Традиционалните коалициски партнери на СДСМ ја поддржуваат кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата.

На денешниот работен состанок на највисоките претставници на партиите од Коалицијата предводена од СДСМ беше јасно изразена поддршката за неговата кандидатура и заеднички беше оценето дека Пендаровски е победнички кандидат со јасна европска визија за иднината на државата.

Заедничката согласност за поддршка на кандидатурата на Пендаровски партиите од коалицијата се очекува да ја потврдат и на своите органи и партиски тела.

Во досегашниот мандат Пендаровски покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани. Со негова одговорност и независност го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата.

Зад себе Пендаровски има мандат без ниту една стратешка грешка, без ниту една корупциска афера или случај на судир на интереси.

Пендаровски е претставник на сите наши граѓани без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност.

На претстојните избори, изборот пред граѓаните е продолжување на напредокот кон ЕУ или изолација.
На граѓаните и на државата не им треба претседател кој ќе кочи, туку претседател, како Пендаровски кој ќе турка напред по вистинскиот пат, кон европски животен стандард и европски вредности.

Македонските граѓани сакаат прогрес, економски напредок, стабилност, мир и спокој. Затоа партиите од Коалицијата ја поддржуваат кандидатурата на Пендаровски и очекуваат силна поддршка од граѓаните на претстојните избори.

Последни вести