fbpx

Пионот Мицкоски и антизапaдното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не знаат што значи помирување и национално обединување, правда мора да има

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антизападното и антимакедонско раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски -пионот на носителот на криминалот, Никола Груевски, не знае што значи тоа помирување и национално
обединување.

Пионот Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да сфатат дека заврши времето кога некој монтираше случаи и диктираше судски пресуди. Ниту законодавната, ниту извршната власт не можат и не смеат да се мешаат ниту пак да влијаат врз судството.

На Македонија и е потребно помирување и национално обединување околу иднината на државата, околу стратешките интереси за членство во ЕУ и НАТО. Овој процес започна од Собранието и ќе продолжи во интерес на Република Македонија.

Пионот на Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да разберат дека помирувањето не значи ослободување од одговорност за криминал, правда мора да има.

Македонија е правна држава, има независно судство коешто работи неселективно и единствено според законските прописи.

Скопје, 24.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести