Соопштение за јавност
Антизападниот и антинародниот пион Христијан Мицкоски повторно се крие од јавноста зад конфузни и нејасни писмени реакции.
Немаше храброст пионот Мицкоски денеска ниту за претходно снимено видео за социјалните мрежи, неговата омилена алатка кога сака да побегне од новинарите, од медиумите и јавноста.
Наместо да се крие, антизападниот пион Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори:
Како компаниите во кои тој има удел добил согласност за изградба на хидроцентрали и закуп на земјишта за мали хидроцентрали , од Владата на Никола Груевски?
Дали тоа што му бил советник на носителот на криминалот Никола Груевски, му помогнало на антизападниот Мицкоски?
Причините поради кои пионот Мицкоски доследно ги следи погубните, криминални политики на неговиот ментор Груевски, на штета на државата и граѓаните излегуваат на виделина.
На антизападниот Мицкоски треба да му биде јасно не може да ја сокрие поврзаноста со криминалите на Никола Груевски.
Скопје, 25.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА