fbpx

Уставните измени го зајануваат идентитетот,пратениците на ВМРО-ДППМНЕ да ја следат мнозинската волја и да обезбедат иднина во ЕУ и НАТО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Уставните измени доставени во Собранието на Република Македонија се клучен чекор за спроведување на преспанскиот Договор којшто обезбедува иднина во ЕУ и НАТО со македонски идентитет признаен од целиот свет.

Со уставните измени се зајакнува македонскиот идентитет, се унапредува грижата за дијаспората и Македонците кои живеат во соседните земји и во светот, се гарантираат границите и територијалниот интегритет, а со повикување на конститутивните одлуки од АСНОМ, се зацврстува историскиот континиутет на државноста.

Волјата на граѓаните е јасна. Над 80 отсто од сите граѓани и над 90 отсто од граѓаните кои гласаа на референдумот јасно кажаа дека се за иднина во ЕУ и НАТО.

Сите пратеници, а особено оние на ВМРО-ДПМНЕ треба да преземат одговорност, наместо интересите на раководството на партијата за амнестија, на прво место да ги стават врвните државни интереси а тоа се интеграцијата и полноправното членство во ЕУ и НАТО.

Целокупната постапка е согладно Уставот, законите, Деловникот и врз основа на мнозинската волја на граѓаните.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да ја почитуваат мнозинската волја и да дадат поддршка на уставните измени кои го зајакнуваат македонскиот идентитет и ги отвораат вратите за влез во ЕУ и НАТО.

Скопје, 13.10.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести