fbpx

Преку криминално владеење ВМРО ДПМНЕ вршеа притисок врз администрацијата, денес институциите работат професионално

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со измислици и лажни наводи избегнувајќи да одговори дали ќе ги повика пратениците да ја почитуваат волјата на над 600.000 граѓани кои на референдумот, слободно и без притисоци се одлучија за иднина во ЕУ и НАТО.

Што се однесува до администрацијата факт е дека ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет за оваа тема, бидејќи за време на нивното 11 годишно криминално владеење, злоупотребите на институциите и притисоците врз вработените во администрацијата беа секојдневие.

Времето на таквиот однос кон државните институции и вработените во нив, заврши со заминувањето на ВМРО- ДПМНЕ од власт.

Денес, институциите работат професионално, независно, во служба на законите и во интерес на граѓаните.

Тоа е препознаено и од Европската Унија, кадешто во Извештајот од Европската комисија, Македонија за првпат е оценета позитивно , со добар напредок во администрацијата.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведување на мерките што обезбедуваат ефикасна, професионална и независна администрација. ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во ќор сокакот на лаги и измислици.

Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ наместо да измислуваат непостоечки теми треба јасно да соопштат дали се за ЕУ и НАТО или против?

 

Скопје, 04.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести