fbpx

Аман од старците, за Силјановска пензионерите се Мапет шоу

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пензионерите за Гордана Силјановска Давкова се „Мапет шоу“.

„Аман од Мапет шоу и од оние старците“ – тоа е потценувачкиот и навредлив став и однос на Силјановска кон пензионерите, кон нашите повозрасни граѓани, кои ја граделе државата, кон нашите родители, баби и дедовци.

Добро им е познато на граѓаните како ДПМНЕ, 11 години ги манипулираше пензионерите, им фрлаше трошки, само пред избори.

Сличен однос најави и со ветувањето дека ако дојде на власт ќе им ги зголеми пензиите на сите пензионери за 5.000 денари, за наредниот ден да се премисли дека тоа би можело да случи, ама покачувањето да биде на рати од по 500 денари.

За разлика од ДПМНЕ, СДСМ во изминатите години на дело покажа и докажа што е вистинска грижа за пензионерите.

Со новата методологија на пресметка на пезниите, која Владата предводена од СДСМ ја сработи заедно со пензионерите, пензионерите добиваат во просек 6.000 денари повеќе.

Просечната пензија денес изнесува 20.195 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година кога просечната пензија изнесувала нешто над 200 евра.

Воедно, минималната пензија денес е за речиси 50% повисока од пензијата во 2016 година.

И во време на кризите изминатите години, економската, енергетската, здравствената, кризата предизвикана од војната во Украина, СДСМ не заборави на пензионерите.

Само со последниот деветти пакет антикризни мерки, се издвоија 35 милиони евра за поддршка на 187.000 пензионери со што пензионерите добиваат од 1.500-3.000 денари месечно финансиска поддршка со цел полесно да ја пребродат зимата и кризата.

СДСМ со новата програма предвидува се повеќе мерки со кои ќе се обезбеди подобар животен стандард и достоинствена старост на пензионерите.

Последни вести