fbpx

Спасовски во Крива Паланка: Влезот во ЕУ и НАТО со заштитен идентитет и јазик е остварување на сонот на претходните генерации

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски денеска е во посета на Крива Паланка каде што се сретна со граѓани и пензионери од оваа општина.

На средбата, министерот Спасовски истакна дека на 30 септември граѓаните слободно и без пристисоци, самостојно ќе решаваат за својата иднина.

– Правото на глас е неприкосновено, а тајноста на гласањето е загарантирана. Никој не смее и нема да врши никакви закани, уцени, притисоци околу процесот на гласање. Институциите ќе гарантираат беспрекорно спроведување на референдумот и секој што ќе го попречува избирачкото право на граѓаните, ќе биде соодветно санкциониран, порача Спасовски.

Пред присутните министерот Спасовски порача дека интеграцијата во ЕУ и НАТО е стратешки интерес на Македонија поставен пред 27 години, во 1991 година и истакна дека референдумот на 30 септември е прв чекор кон остварување на сонот на претходните генерации за влез во најсилните светски сојузи со признаен и зајакнат македонски идентитет.

– Оваа одлука е државотворна, нашата татковина ја исправивме на јасен пат, добивме датум за преговори со ЕУ и нашата држава ќе биде 30та членка на најмоќната алијанса – НАТО, признаена со свој единствен идентитет и јазик. Ова е момент за одлука, ова е момент за иднина. Да го оставриме сонот на нашите предци, Македонија да биде дел од најсилните светски сојузи со загарантиран македонски идентитет и македонски јазик. Да покажеме сите заедно дека сме за подобар живот, за европски вредности и еднакви услови за сите. На 30 септември да гласаме ЗА европска Македонија – порача Спасовски.

 

 

 

Последни вести