Соопштение за јавност
Зошто ВМРО-ДПМНЕ е против тоа вработените во здравството, образованието и социјалната заштита да добиваат повисоки плати. Зошто на ВМРО-ДПМНЕ му пречи растот на платите во клучните сектори?
Над 53 илјади вработени во здравството, образованието и детските градинки добиваат покачување на платите за 5 отсто и тоа почнувајќи од септемвриската плата. Таквото покачување, освен што носи повеќе пари во над 53 илјади семејства, дополнително ќе влијае и на спиралата на раст на платите.
Унапредувањето на јавното здравство, социјалната заштита и образованието се врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ, затоа што токму тие се темелите на општеството. Влогот во човечки капитал е влог за квалитетни и задоволни наставници, поквалитетно образование, како и квалитетни и задоволни доктори во јавното здравство.
Трендот на растот на платите ќе продолжи во годините кои следат, а со влезот во Европската унија и НАТО, растот на платите ќе добие забрзано темпо.
Позитивен пример за тоа даваат искуствата на Бугарија каде што по влезот во ЕУ просечната плата пораснала двојно, како и искуството на Романија каде што просечната плата по влезот во ЕУ пораснала четирикратно.
Бидејќи како држава се стремиме за ЕУ и НАТО интеграции и подигање на стандардот на платите, засилено се работи на создавање на еден нов систем на плати со кои вработените ќе добиваат достоинствено зголемување , како одговор на достоинствените и благородни професии кои ги извршуваат.
Скопје,22.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА