Соопштение за јавност
Наместо да се обидува да шири неоснована паника и лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ треба да се приклучи кон процесите што обезбедуваат влез во НАТО и почеток на преговори за членство во ЕУ.
Граѓаните не се уплашени како што тврди ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, граѓаните се охрабрени, одлучни и решителни Македонија да стане дел од големите семејства на ЕУ и НАТО.
Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ за ширење неоснована паника да го прикријат немањето став за најважното прашање за македонската иднина.
Министерството за внатрешни работи, работи професионално, ефикасно и независно во служба на законите и интересите на граѓаните. Стапката на криминал се намалува, експресно се реагира на законските прекршувања, законите се еднакви за секого и секој кој постапувал незаконски одговара за своите постапки.
Скопје, 21.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА