fbpx

Излезете на 30. септември, зграпчете ја иднината, гушнете си ги децата и знајте дека сте донеле државотвотворна одлука!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

-Овој пат во прашање е што ние може да направиме за државата. Знам дека Кратово, како и цела Македонија ќе донесе вистинска историска одлука За европска Македонија. Ова е неповторлива шанса, порача премиерот Зоран Заев на трибината во Кратово.

-Преку вас да допреме до сите, ова е моја, ваша и нивна Македонија, нема веќе причини, изговори, план Б, Ц. На Македонија и треба економски раст, мора да направи квантен скок, за да се крене стандардот. Македонија мора да носи одлуки. Поради калкуланството изминатите години земјата остана во калта, додека светот стана глобално село, ние во кавги со соседите, никако да донесеме одлука. Оваа одлука што ја донесов не е затоа што Владата и Парламентот застанаа зад мене, туку затоа што знам кој стои зад мене, дека зад мене стои мојот народ, кој сака живот овде во Македонија, додаде премиерот Заев.
Тој ги објасни придобивките од договорот од Преспа, осигурана држава, македонски идентитет и македонски јазик.

-Од Кратово, утре одам во Вашингтон, на состанок со потпретседателот на САД, Пенс. Ваквото пријателство мора да го почитуваме, не смееме да го изневериме, заради нас и нашата држава. Мора на 30. септември сите да излеземе.
Фатете го најмилото во едната рака, во другата рака да ја зграпчите иднината на Македонија. Вратете се дома, гушнете си ги децата и знајте дека сте донеле државотворна историска одлука и за вашата земја и за вашите деца, повика претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на трибината во Кратово.

 

 

 

 

 

Последни вести