fbpx

Ковачевски: Во новиот мандат 1.100 евра просечна плата, 600 евра минимална плата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Интервју за МТВ, Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ

Во новиот мандат на СДСМ и коалицијата просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната плата ќе биде над 600 евра. За уште поголемо зголемување на платите и пензиите клучен е процесот на полноправно членство во ЕУ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервју за Националната телевизија (МТВ).

– СДСМ и коалицијата многу напорно работеше во сите сегменти, благодарение на тоа имаме и зголемени плати и намалена невработеност од 25% на 12,8%. Граѓаните знаат дека со нас можат овие плати да ги имаат, бидејќи ние кога ветивме дека ќе има 500 евра просечна плата никој не веруваше во тоа. Ние имаме сега 650 евра просечна плата во државата. Кога велевме дека минималната плата од 8.000 денари ќе ја зголемиме, ние ја зголемивме неколкукратно минималната плата во државата, рече Ковачевски.

Јас сум дел од македонските граѓани, јас знам дека сè уште е тешко, знам дека сè уште има пензионери кои едвај крпат крај со крај, знам дека има родители кои некогаш ќе легнат и гладни за да им останат повеќе пари за децата кои што им бараат од сабајле, додаде Ковачевски.

– За уште поголемо зголемување и на платите и на пензиите е клучниот процес кој треба да го обезбедиме, т.е. пристапувањето кон полноправно членство во ЕУ. Затоа велам дека со програмата на СДСМ 2024 – 2028 ќе продолжи и зголемувањето на платите и зголемувањето на пензиите и намалувањето на невработеноста и поддршката на индустријата која не постоеше до 2017 година. Ние првпат ја воведовме таа и сега ќе биде сега дуплирана. Ќе го зголемиме субвенционирањето во земјоделството и земјоделското производство. Поддршката за младите, поддршката за лицата кои првпат влегуваат на пазарот на работна сила се со цел да ги постигнеме овие цели, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МТВ.

Последни вести