Интервју за МТВ, Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
СДСМ и коалицијата нудат една исклучително квалитетна пратеничка листа која ќе обезбеди прво доверба од граѓаните, а потоа ќе ги застапува граѓаните во Парламентот со цел обезбедување на европска иднина на државата, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Националната телевизија (МТВ).
– Доколку ги погледнете предложените носители, меѓутоа и другите кандидати, ќе видите дека меѓу нив се наоѓаат луѓе коишто многу успешно се справија со Ковид пандемијата, луѓе кои многу успешно се справија со економската и енергетската криза. Луѓе кои многу успешно се справија со одржувањето на стандардот на граѓаните во услови на голема инфлација, со покачување плати и пензии, но и луѓе кои работеа на зголемување на инвестициите во државата и намалување на невработеноста, рече Ковачевски.
Се работи за една листа којашто ја респектирам, која беше донесена на најдемократски начин во СДСМ, преку едногласни одлуки и на ЦО и на ИО и со 99,98% гласови од присутните делегати на конгресот, потенцираше Ковачевски.
-Ова се победнички пратенички листи на изборите на 8 мај, кои на најсоодветен начин ќе ги претставуваат граѓаните и ќе обезбедат европска иднина на државата, рече претседателот Ковачевски во интервју за МТВ.