fbpx

Законите важат за сите подеднакво, одговорноста за вработување на полицаецот ВМРО-ДПМНЕ да ја бара од Чавков

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Фактот што полицискиот службеник што изврши грозоморно убиство е вработен од тогашниот министер Митко Чавков е доказ дека лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ нема граници.

Исто така, тој факт покажува како ВМРО-ДПМННЕ со години го третирала Министерството за внатрешни работи и под какви критериуми се вработувале припадници на полицијата. Прашањата за подготвеноста на полицаецот и начинот на којшто се вработил во МВР, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги адресира до Митко Чавков, човекот кој бил на чело на МВР кога се случило вработувањето.

За разлика од вулгарното партизиирање на МВР и поставувањето на партиско-штабски критериуми, денес, по процесот на професионализација, Министерството за внатрешни работи работи одговорно и професионално, а секој кој постапува незаконски одговара пред законите.

Како што е јавно познато, настанот во прилепско е расчистен во најкус можен рок,  лицето веднаш било откриено и приведено неколку часа по убиството и со кривична пријава предадено до Основното јавно обвинителство. Согласно законот е превземено се што налага постапката во ваков случај  при ваков тип на  злосторство.

Времето на злоупотреба на институциите, времето на неказнивост и прикривања на злосторства, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денес законот важи за сите подеднакво и секој кој постапува незаконски одговара, без разлика неговата етничка, религиска и партиска припадност и без разлика на професијата што ја извршува. 

 

 

Скопје,17.09.2018                                       

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести