fbpx

За дебата се потребни ставови, тука сме да му помогнеме на Мицкоски да кажен јасен став за најважното прашање

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски да каже што му е потребно и на кој начин може да му помогнеме за да го дефинира и соопшти неговиот став за најважното прашање. Тука сме да му помогнеме, да се охрабри, да размисли, да одлучи, да каже јасен став.

Најлошо е да се нема став, особено за клучни прашања од кои зависи иднината на државата.

Иднината на Македонија и нејзините граѓани не смее и нема да биде ризикувана поради калкулациите и нискиот рејтинг на Мицкоски.

За секоја дебата на било која тема потребни се јасни ставови.

Ајде Мицкоски, охрабри се, соопшти го јавно својот став за референдумот, излези пред граѓаните, кажи дека ќе излезеш да гласаш, и ќе има и дебата и иднина во просперитетна европска Македонија.

 

Скопје,15.09.2018                                       

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести