fbpx

Претседателот Заев и Владата што ја предводи остануваат посветени на заложбите за повисоки плати за сите работници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ и премиер на Република Македонија Зоран Заев, е одлучен и посветен на градењето социјална држава и фер и еднакво општество за сите, а грижата за стандардот на работниците останува врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ.

Поддршката од државата за домашните претпријатија претставува значаен поттик за менаџерите и сосптвениците на компаниите континуирано да ги покачуваат платите на работниците. 

Единствено работници кои се почитувани, мотивирани и соодветно вреднувани можат да ја креираат економијата и да бидат нејзин двигател. Само така може да се обезбедат достоинствени работни места, пристојни плати и пензии, квалитетен живот и напредна и просперитетна Македонија.

Владата предводена од СДСМ и премиерот и претседател на СДСМ Заев остануваат посветени на заложбите за повисоки плати за сите работници и граѓаните на Македонија да имаат повеќе пари и повисок животен стандард.

Претседателот Заев и во индина ќе продолжи да биде мотиватор и поддржувач на работниците во борбата за обезбедување подобри работнички права и повисоки плати.

 

Скопје,14.09.2018                                       

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести