fbpx

Ковачевски: Со државната поддршка за македонските комапнии создадовме нови 5.000 работни места

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше и дискутираше на панел дискусија „Креираме развој преку поддршка на инвестиции“ во организација на ТИРЗ и Кабинет на ЗПВ Битиќи.

Денешната трибина, ја посочи претседателот Ковачевски, како добра можност да се сублимираат досегашните преземени мерки и резултатите во делот на поддршката на инвестициите и економијата, но истовремено и да се види што е она што треба да се преземе за уште подобри резултати.

Ковачечевски децидно истакна: „За силна економија е потребен ликвидно и силно стопанство, нови фабрики, раст на инвестициите, капитални инвестиции во инфраструктурата, развиено земјоделство, подобар животен стандард преку повисоки плати и пензии, пристап до ЕУ пазарите”.

Справување со предизвици, поддршка на домашната економија и компаниите преку правилни таргетирани мерки, финансиска поддршка, раст на платите, беа во фокусот на дискусијата, кои воедно се и дел од столбовите во новата програма на СДСМ.

„Економијата и поддршката на компаниите и инвестициите беа високо на агендата на Владата која јас ја предводев и на претходната Влада, природно доаѓа тоа бидејќи јас сум економист, но уште поприродно доаѓа во време на криза кога мора да работите прво на спасување на ликвидноста на компаниите, второ спас на работните места и трето одржување на животниот стандард на граѓаните со оглед на тоа дека секој е погоден од кризата и компаниите и граѓаните и оние што се најзасегнати а тоа се ранливите категории на граѓани. И затоа во изминатите 7 години ние генерално имавме многу силен акцент ставено на економијата.” – истакна Ковачевски.

Со 100 милиони евра Владата предводена од СДСМ поддржа 919 компании, за разлика од 2017 година, кога имаше нула поддршка за домашните компании. Во последниот деветти пакет во вредност 662 милиони евра, 492 милиони евра се предвидоа за поддршка на приватниот сектор, преку мерки за одржување на ликвидноста на компаниите, конкурентноста, поддршка за инвестиции во обновливи извори, зачувување на работните места, поволни заеми за мали и средни претпријатија во износ од вкупно 2,6 милијарди евра преку антикризни мерки се вратија назад кај граѓаните и стопанството.

Ковачевски, особено се осврна на домашните компании кои се двигател на економијата, затоа и во време на СДСМ беа поддржани преку различни мерки:
„До 2017 година македонскиот работник беше евтина работна сила и компаниите имаа нула поддршка. Јасна е разликата кога ќе ви кажам дека изминатите 6 години, 919 домашни компании добија поддршка во вредност од 100 милиони евра со кои тие реализираа 500 милиони евра инвестиции. ”

Секоја стратешка одука што ја имал како премиер поставено претседателот Ковачевски, има стратешка цел, а тоа е развој на економијата, развој на приватниот сектор, нови вработувања и подобро платени работни места. Овие цели се исполнуваат со продолжување по европскиот пат.

На крајот од оваа успешна дискусија, Ковачевски заклучи дека тоа е целта за која се застапува и за која се застапува СДСМ и коалицијата за европска иднина. Бидејќи се друго се сценарија кои немаат економска логика, зад кои не стои никаква ниту политичка ниту економска калкулација и кои што ќе значат само враќање во некои неизвесни времиња. СДСМ нуди извесност, нуди надеж и напорна работа за да може да го оствари она што го заслужува Република Северна Македонија, како земја која културолошки, економски и по секој друг основ и припаѓа на ЕУ.

Последни вести