fbpx

Ковачевски: СДСМ креира мерки за силна економија, ликвидни компании и европски животен стандард

Facebook
Twitter
LinkedIn

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше и дискутираше на панел дискусијата насловена „Креираме развој преку поддршка на инвестиции“.

Денешната трибина, како што посочи Ковачевски е добра можност да се сублимираат досегашните преземени мерки и резултатите од нив, во делот на поддршката на инвестициите и економијата, но истовремено и да се види што е она што треба да се преземе за уште подобри резултати.

Ковачевски посочи дека за силна економија е потребен ликвидно и силно стопанство, нови фабрики, раст на инвестициите, капитални инвестиции во инфраструктурата, развиено земјоделство, подобар животен стандард преку повисоки плати и пензии, пристап до ЕУ пазарите.

Справувањето со предизвици, поддршка на домашната економија и компаниите преку правилни таргетирани мерки, финансиска поддршка, раст на платите, беа во фокусот на дискусијата, кои воедно се и дел од столбовите во новата програма на СДСМ.

Ковачевски потенцираше дека правилните политики на Владата предводена од СДСМ, овозможија континуиран раст на платите и во време на криза.

“Минималната плата порасна на 22.500 денари, за само две години. Да не заборавиме дека во 2016 година беше само 8.000 денари, значи имаме неколкукратно зголемување на минималната плата. Во однос на просечната плата, нашето ветување беше дека ќе биде 500 евра просечна плата во 2024, денес гледаме дека е 650 евра. Тоа е резултат на целиот економски амбиент, иако бевме во време на криза. Невработеноста ја преполовивме од 25% на 12,8%. Значи преполовена невработеност, зголемена вработеност, во краток период. Просечната плата во 2028 година ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната палта ќе достигне рекордни 600 евра”, подвлече Ковачевски.

При тоа, Ковачевски посочи дека во новата програма за 2024-2028 година предвидени се уште поголеми инвестиции, уште поголема поддршка за граѓаните, уште поголемо зголемување на минималната плата, на просечната плата и секако намалување на невработеноста, како дел од можностите кои што ги даде ЕУ.

„Прво економијата и поддршката на компаниите, инвестициите беа високо на агендата на Владата која јас ја предводев и на претходната Влада, природно доаѓа тоа бидејќи јас сум економист. Но уште поприродно доаѓа во време на криза кога мора да работите прво на спасување на ликвидноста на компаниите, второ спас на работните места и трето одржување на животниот стандард на граѓаните со оглед на тоа дека секој е погоден од кризата и компаниите и граѓаните и оние што се најзасегнати а тоа се ранливите категории на граѓани. И затоа во изминатите 7 години ние генерално имавме многу силен акцент ставено на економијата.” – истакна Ковачевски.

Во наредниот 4 годишен период со новата програма на СДСМ планирани се 180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство, 3,5 милијарди евра капитални инвестиции, особено во инфраструктурни проекти, од кои 2,7 ќе бидат само во патна инфраструктура а тоа значи вработување за македонската економија, зголемување на бројот на вработеност, а со тоа и раст на платите и раст на пензиите.

Со 100 милиони евра Владата предводена од СДСМ поддржа 919 компании, за разлика од пред 2017 година, кога имаше нула поддршка за домашните компании. Во последниот деветти пакет антикризни мерки, во вредност 662 милиони евра, 492 милиони евра се предвидоа за поддршка на приватниот сектор, преку мерки за одржување на ликвидноста на компаниите, конкурентноста, поддршка за инвестиции во обновливи извори, зачувување на работните места, поволни заеми за мали и средни претпријатија во износ од вкупно 2,6 милијарди евра преку антикризни мерки се вратија назад кај граѓаните и стопанството.

Ковачевски потенцираше дека секоја стратешка одука има стратешка цел, а тоа е развој на економијата, развој на приватниот сектор, нови вработувања и подобро платени работни места. Овие цели се исполнуваат со продолжување по европскиот пат и со обезбедување на европската иднина за граѓаните и државата.

Целта која ја застапува СДСМ и Коалицијата значи интеграција и европска иднина.

“Се друго се сценарија кои немаат економска логика, зад кои не стои никаква ниту политичка ниту економска калкулација и коишто ќе значат само враќање во некои неизвесни времиња. СДСМ нуди извесност, нуди надеж и напорна работа за да може да го оствари она што го заслужува Република Северна Македонија, како земја која културолошки, економски и по секој друг основ и припаѓа на Европската Унија”, рече Ковачевски

Последни вести