Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски вечерва призна дека половина од граѓаните на кои им пристапиле, одбиле воопшто и да разговараат со неговите претставници.
Мицкоски да се преиспита зошто граѓаните одбиваат да разговараат со него.
Тој не треба ни да помисли да ја ризикува иднината на Македонија. Мицкоски треба веднаш да одговори, пред себе, пред својата партија и пред целата јавност, дали ќе гласа и дали ќе поддржи македонска иднина во ЕУ и НАТО.
Време е Мицкоски, македонската иднина тропа на твојата капија, приклучи се кон европското семејство.
Скопје,12.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА