Соопштение за јавност
Тие што со години зборуваат за референдум сега бегаат од референдумот. Немаат став. Да се нема став за најважното прашање во Македонија е срам – рече министерката Шекеринска на трибина во Кочани. Таа ги повика членовите и симпатизери на опозицијата кои сакаат Македонија да успее, да донесат одлука која е добра за нивните семејства и да гласаат.
Кога партијата нема став значи дека нема аргументи – рече Шекеринска и додаде дека непристојната понуда за амнестија на неколкумина од ВМРО ДПМНЕ не е прифатена бидејќи државата нема да ја биде ако политичарите сметаат дека се над законот.
– Немам дилеми дека на референдумот ќе победи гласот ЗА. Бидејќи оние што велат дека се против не понудија поинаков план. Ние понудивме Македонија – членка на ЕУ и НАТО со одлука на граѓаните на референдум. Тоа што го пропуштија во 2008 го обезбедивме. За една година од изолирана држава направивме држава со покана за НАТО и направивме договор кој ги гарантира нашиот идентитет и нашата посебност- рече министерката и додаде дека е убедена дека граѓаните на Кочани и на Македонија ќе ја искористат историската шанса.
– На 30 септември можеме со една одлука Македонија многу бргу да ја внесеме во најмоќниот сојуз, во НАТО. Можеме да бидеме сојузници и да носиме одлуки со најсилните, а нашето знаме да се вее во Брисел. Тоа е одлука за безбедноста, стабилноста и економијата, за намалување на невработеноста и повисоки плати. На 30 септември имаме обврска кон следните генерации – да живеат подобро од нас – рече Шекеринска во Кочани.