fbpx

Во новата програма на СДСМ: Просечна пензија од 500 евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ има јасен, конкретен и издржан план за европска иднина преточен во новата изборна програма, во чиј фокус се граѓаните, повисок животен стандард, европски плати и пензии.

Просечната пензија во 2028 година ќе достигне 500 евра, или 30.000 денари, а минималната пензија ќе биде 20.000 денари.

Дополнително се предвидува мерка- новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата, како и пензионерска картичка за пазарење прехранбени производи со попуст од 30%.

Во изминатиот период СДСМ покажа и докажа дека ги исполнува ветувањата, дека работи за достоинствен живот за пензионерите.

Со воспоставената методологија за усогласување со растот на просечната плата и со стапката на инфлација пензиите контнинуирано растат.

Просечната пензија порасна за 30%, а минималната за 50%.

Низа мерки се спроведоа за поддршка на пензионерите, пред се оние со ниски примања, а се уште е во тек исплатата на финасиската поддршка од деветиот пакет антикризни мерки.

Со СДСМ пензиите ќе продолжат да растат, нема откажување од достоинствен живот за пензионерите!

Последни вести