fbpx

Силна поддршка од САД – светот застана зад Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Овој понеделник американскиот секретар за одбрана, првиот човек на Пентагон, првиот човек на најмоќната армија во светот, доаѓа во Република Македонија да биде наш гостин на официјална посета. Тоа се случува прв пат во последните 14 години… Тоа покажува колку е голем интересот и поддршката која ја сработи Македонија во оваа последна година. Во само еден период од десетина дена нè посетуваат најмоќните, највлијателните луѓе и претставници на најкрупните фактори во НАТО и во Европската Унија… Македонија тоа го заслужи со крупните промени кои ги направи во последната година. Тоа покажува дека светот ги отвори вратите кон нас, но сега останува на граѓаните на Република Македонија, на секој од нас поединечно да одлучиме дали таа отворена врата, дали таа подадена шанса ќе ја искористиме“, рече министерката Шекеринскаво изјава за медиумите на почетокот од својата посета на Кочани.

„Ние покажавме и во Кочани и во Македонија дека зборот е збор. Ветивме дека Македонија ќе ја добие НАТО поканата, тоа го сторивме. Ветивме дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговори – го добивме. Ветивме дека секој договор со Грција од кој ни зависи ЕУ И НАТО ќе биде ставен на референдум и референдум ќе има на 30 септември. Јас се надевам и ги повикувам сите политички партии, а особено оние кои се колнеа во референдум, бараа референдум и најавуваа референдум, да покажат дека и за нив зборот важи, дека и за нив обврските важат и на тој начин да покажеме дека Македонија е обединета во својата заедничка цел ова да биде подобра држава, безбедна, сигурна и економски напредна”, рече заменик-премиерката и министерка за одбрана.

Во одговор на новинарско прашање за коментар на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковскиповрзана со референдумот, министерката истакна дека е неодговорно и несериозно ВМРО-ДПМНЕ да има став дека нема став, што како што рече, е голем минус во пресрет на нашата историска шанса и историска одговорност.

„Ние ветивме и ние тоа што го ветивме го исполнивме. Обезбедивме НАТО покана, обезбедивме почеток на преговори со ЕУ и ја донесовме одлуката сето тоа да помине преку референдум. ВМРО-ДПМНЕ сиве овие години ветуваше дека ќе гарантира референдум, ветуваше дека за ова прашање граѓаните мора да одлучуваат и сега кога тој референдум се случува, тие бегаат, се кријат и немаат став. Во политиката која немате став, тоа значи дека немате аргументи, тоа значи дека немате право, тоа значи дека знаете дека сте на погрешната страна“, рече Шекеринска.

Министерката ги повика членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ  да се приклучат на повикот на еден дел од нивните основачи, на еден дел од советниците и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и да ја искористат оваа историска шанса да учествуваат на референдумот кој сите тие го бараа.

Вечерва Шекеринска ќе има и трибина во Кочани на која ќе се разговара за перспективите на државата и на овој град.

 

 

 

Последни вести