Соопштение за јавност
Потпретседателот Битиќи, кој заедно со Оливер Спасовски е ко-носител на парламетнарната листа на СДСМ во Изборна Единица 2, денеска се обрати на промоцијата на програмата ‘Програма за европска иднина’. Во продолжение ви го праќаме неговото интегрално обраќање.
‘Благодарам другар Оливер.
Добар ден драги мои сопартијци, сограѓани и партнери во заедничката цел, а тоа е европска Македонија. Безбедна и стабилна, со одлучна и засилена борба против корупција и силна домашна економија. Економија која гарантира добар стандард и достоинствени плати за сите.
Да Оливер, обезбедивме достонствени плати за вработените во министерството за внатрешни работи. Исто како што обезбедивме за сите. Владата предворена од СДСМ ги покачи платите во јавниот сектор, а добрите економски политики донесоа покачување на платите и во сите дејности на приватниот сектор. Обезбедивме достоинствени плати за сите.
Никој не беше изоставен ниту заборавен, затоа што ние социјал-демократите се грижиме за сите граѓани. Затоа што за нас – Човечкиот капитал е најважен!
Во следните 4 години, ќе работиме и ќе сработиме за економија која се потпира на 4 цврсти столба – Човечки капитал, висока продуктивност, конкурентност и иновативност.
Në 4 vitet e ardhshme, ne do të punojmë dhe do të kryejmë punën për ekonominë që mbështetet në 4 shtylla të fuqishme – Kapitali njerëzor, produktiviteti i lartë, konkurrueshmëria dhe inovacioni.
Тоа што им го ветуваме на нашите граѓани тоа и го исполнуваме, тие знаат дека го исполнивме и натфрливме над ветувањето за покачувањето на минималната и просечната плата.
Затоа денеска ви велам и тоа така и ќе биде, затоа што сме докажале и покажале дека може…
До 2028 година просечната плата ќе ја зголемиме на 1.100 евра, а минималната ќе достигне 600 евра. За ова да го постигнеме, нема да го преоптовариме бизнисот. Затоа велиме, 0% данок на личен доход за минимална плата. Ова ќе донесе достоинствен стандард за граѓаните, ќе ја зголеми продуктивноста но истовремено ќе ја намали и сивата економија. Со влезот во Европската унија, одиме и чекор понапред до просечна плата од 1.300 евра и минимална од 800 евра.
Добро платени, задоволни работници, кои ќе имаат европски стандард, дома. За тоа работиме, тоа ни е задача и таа ќе ја исполниме. Заедно со, до сега најниска невработеност од 7посто до 2028ма година.
Në vitin 2028 do ta rrisim pagën mesatare në 1.100 euro, ndërsa paga minimale do të arrijë në 600 euro. Për ta arritur këtë, ne nuk do ta mbingarkojmë biznesin. Prandaj themi, 0% tatim mbi të ardhurat personale për pagën minimale. Kjo do të sjellë një standard dinjitoz për qytetarët, do të rrisë produktivitetin, por në të njëjtën kohë do të ulë ekonominë gri. Me hyrjen në Bashkimin Evropian, ne bëjmë një hap përpara për një pagë mesatare prej 1.300 euro dhe pagë minimale prej 800 euro.
Punëtorë të paguar mirë, të kënaqur, të cilët do të kenë standard evropian, këtu në vendin tonë. Për këtë punojmë, kjo është detyra jonë dhe do ta përmbushim atë.
Во овие 4 години работевме и за покачување на пензиите и за платите и на новата пресметка на истите кои гарантираат зголемување секоја година, без политичко пазарење. И во тоа успеавме, затоа што истовремено ги јакневме и домашните компании. Од целосно заборавени со 0 исплатена финасиска поддршка кон нив, ние ги поддржавме со 100 милиони евра. А денеска кажувам, во следните 4 години, домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра. Ова е дуплирана финансиска поддршка кон домашните компании од претходниот мандат.
Заедно, партнерски со нив, ќе продолжиме да ја јакнеме домашната економија. Со јавни инвестиции од 3,5 милиони евра.
Дел од нив, секако вложени и во праведна енергетска транзиција, стабилност и енергетска независност.
Домашното производство на електрична енергија ќе го зголемиме за 70%. Домашно производство од гас, чисти и обновливи извори. Кое никако, ама никако нема да биде од штетните мали хидроцентрали. За нив велиме засекогаш не, како и за сите фосилни технологии кои ни го загадуваат воздухот и почвата.
Драги мои,
Време е јавните услуги да бидат лесно достапни до граѓаните.
Целосно дигитализирани јавни услуги кој ќе ги обезбедува Агенција за дигитализација. Затоа што само со навремена и успешна дигитализација можеме да го постигнеме посакуваниот развој.
Бевме први во регионот кој го воведовме првиот дигитален асистент во јавната администрација базиран на вештачка интелигенција. Тоа е нашата АДА и ќе продолжиме да го надградуваме, се додека сите јавни услуги не се достапни за сите, за само неколку клика од компјутерот од дома или на работа. Ова значи дека ќе воведеме вештачка интелигенција во сите административни постапки.
И за крај, во овој мандат, ќе ја воведеме електронската лична карта – МК – еID (македонска елентронска ај ди карта). Со неа ќе се намалат бирократските пречки. Граѓаните и граѓанките ќе добијат заштитени и дигитализирани лични податоци.
Во наредните четири години ќе градиме поудобно и дигитално интегрирано општество.
Мои социјал-демократи. Ова е нашиот план за како ќе стигнеме до целта, како ќе продолжиме и ќе изградиме силна економија, во чиј фокус е човечкиот капитал, високата продуктивност, конкурентност и иновативност.
Është koha për t’u nisur drejt qëllimit të përbashkët. Ekonomi e fortë vendase për Maqedoninë Evropiane!
Другар Оливер, имаме одличен план, сега е време да тргнеме кон заедничката цел.
Силна домашна економија за европска Македонија!