Соопштение за јавност
Целиот демократски свет ја поддржува Македонија во процесот на интеграција и ги посочува придобивките од влезот во ЕУ и НАТО, единствено ВМРО-ДПМНЕ измислува и презентира невистини.
При јавно објавен и достапен договор, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лаги и се дрзнува влезот во ЕУ и НАТО да ги индетификува како „евтаназија на секој што е Македонец“.
ВМРО-ДПМНЕ 25 години тврди дека влезот во ЕУ и НАТО е нивен врвен интерес, а денеска ги нарече евтаназија двата најзначајни глобални сојузи во кои Македонија и вредносно и цивилизациски припаѓа.
Целосно јасно е дека референдумот на 30 септември е за влез на Македонија во ЕУ и НАТО, што е врвен стратешки интерес поставен уште на референдумот за независнот од 8 септември 1991 година.
Цела Македонија е обединета во процесот на обезбедување на македонската иднина во ЕУ и НАТО и сите анализи и испитувања на јавното мислење покажуваат дека граѓаните ја препознаваат историската важност и ќе гласаат ЗА европска Македонија.
Наместо при јавно достапен договор да шири лаги, а членството во ЕУ и НАТО да го израмнува со евтаназија, ВМРО-ДПМНЕ треба да го искористи позитивното расположение на јавноста, да се приклучи на процесот што обезбедува иднина во ЕУ и НАТО и да го повика членството да излезе на реферндумот и да заокружи ЗА европска Македонија.
Скопје, 06.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА