fbpx

Ја исполнив мојата граѓанска должност како сведок за 27ми април, Македонија сега живее ново време

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

П1.Како се чувствувате?

– Веројатно како и секој нормален човек што би се чувствувал така и јас, непријатно е чувството. Но секако е обврска како секој граѓанин повикан да сведочи, да дојде и да го изврши тоа што му е граѓанска должност. Јас бев повикан да сведочам, дојдов и сведочев, и секако немам нешто посебно да додадам или да одземам во тој дел. Заради тоа што не им е лесно на овие луѓе внатре коишто се обвинети и не би сакал јас дополнително да додавам нешто.

П2. Зошто сте убедени дека немале храброст да ве убијат, дури и оној којшто е осомничен дека носел оружје ве прашуваше дали сте убеден во тоа дека не е храбар?

– Претседател на Влада сум, зборував за тоа внатре во Судот. Не би зборувал јавно заради тоа што мислам дека не е потребно јавно да зборувам за тоа од причини што Македонија оди напред, живее во ново време, поразлично од 27 април 2017 година така да ниту граѓаните би сакал да ги навраќам ниту јас би сакал да се навраќам.

П3. Ги чувствувавте ли прашањата како закани?

– Ќе останам доследен да не навлегувам во суштината на тоа што беше внатре разговарано заради тоа што мислам дека нема потреба.

П4. Дали е за вас чудно што баш организаторите се уште не се откриени ?

– Тоа е обврска на истрагата, веројатно можеби судскиот процес ќе утврди. Како и сите граѓани така и јас чекам разрешница на овој случај. Ако има докази за таа работа веројатно тоа ќе се утврди а ако нема докази веројатно ќе се продолжи со истрагата. Јас не можам да кажам ништо околу тоа повеќе што стварно таму го кажав, на сите прашања и на обвинителот и на одбраната и на Судот.

П5. Премиере, адут на одбраната и дефинитивно е дека се обидуваат да докажат дека народот влегол внатре само заради револтото на начинот на којшто е избран Претседателот на Собранието. Вие денеска бевте внатре во Судот, сакавте ли тоа да го соопштите на прес конференција? Вие само кажавте дека беше прекинато.

– Само јас да ја потсетам јавноста во тој дел. Да не ги враќаме громорозните слики назад, триесет и неколку дена Собранието беше блокирано. Собранието донесе одлука согласно Уств, Закон и Деловник кој со мнозинството од пратениците избраа Претседател којшто понатаму прилично се очекуваше да биде објавен во Службен Весник. Таа е процедурата на се, тоа се случи во единственото возможно време кога тоа може да се случи. Дебатата дали требала за време на паузата на Парламент да се направи или не е секако излишна заради тоа што со Деловник, паузата деловничка е пауза за пратениците за одмор и ручек. И ако тогаш секако Парламентот работи и гласа тоа може да биде апсолутно неделовнички. Односно со Деловник утврдена пауза не може да ја користите за носење на одлуки и тука апсолутно немаше никакви дилеми дека единственото возможно време е кога завршуваат редовните седници на Парламентот , на пленумот, а тоа е 18.00 часот, а пратениците во мнозинство имаат целосно Деловничко право да продолжат. Тоа се случува и до ден денеска да Парламентот работи после 18.00 часот. Така, мнозинството одлучи да продолжи после 18.00 часот, и донесе легитимна и деловничка, законска и уставна  одлука за избор на Претседател на Собранието.

П6. Сите досегашни сведоци тврдеа дека вие сте главен таргет, главна цел на напаѓачите, а вие денеска излеговте овде и давате прошка, после вакво потресно сведочење дадовте прошка.

– Јас сум верник, граѓанин, и мене и верата и родителите мои ме учеле да простувам и сакам да простувам, заради тоа што Македонија има потреба од помирување има потреба од подавање рака. Македонија има потреба толку колку што ни е голема „фала му на Господ добро“ тоа да биде поздружена, да биде по позитивна, и да гледа напред. Но јас сум само Зоран Заев. Јас не сум ниту обвинител ниту судија, ниту имам право да се мешам во процесите на македонското правосудство, јас го кажав само она што го носам во мојата душа.

П7. Дали препознавте од другата страна денеска некого?

– Секако дека препознав, секако дека препознав луѓе.

Последни вести