Соопштение за јавност
„Мицковски не може да ги менува ставовите од една причина што тој нема став никогаш и кога немате став, вие не може да го менувате“, потенцираше Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во вечерашната емисија „Дуел за Македонија“, на Канал 5 телевизија.
„Кога имате став тогаш вие носите одлуки. Еве, прашувате за Преспанскиот договор. Преспанскиот договор е резултат на 30 години работа, ние 30 години имавме посредник од САД, од ОН, меѓутоа, адвокат од САД. И што требаше за да се постигне договор? Не го постигна Метју Нимиц договорот. Договорот го постигнаа двајца лидери коишто постигнаа договор и си пружија рака и ги решија односите помеѓу двете држави. Го решија тоа коешто никој немаше храброст претходно да го реши. Тоа е лидерство и тогаш беа истите обвинувања, немало да бидеме Македонци, јазикот немало да биде македонски и што добивме? Останавме Македонци како што сме и секогаш ќе бидеме и македонскиот јазик е македонски јазик и станавме земја членка на НАТО. Е тоа е лидерство и тоа е носење на одлуки, се друго е немање на став. Имавме референдум, еве ве прашувам уште еднаш, дали господинот Мицкоски гласаше на референдумот? Еве, конечно дознавме дека не сте гласале. Ќе кажам во 12 часот, па не кажувам во 12 часот, тоа беа одговорите колку што јас се сеќавам“, посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.