Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски денеска испушти уште една шанса да се приклучи кон мнозинството граѓани и да повика на излезност на референдумот ЗА македонска иднина, да се определи јасно за членство во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет.
Без да се навлегува во прашањето дали Мицкоски воопшто се доживува себе си за лидер или не, кога вели не може да им каже на своите членови став за референдумот, повикуваме уште еднаш, сите да се обединат за клучното прашање за иднината на државата и да се приклучат.
Членството во ЕУ и НАТО не е „лажна надеж“ како што денеска несмасно рече Мицкоски.
Станува збор за иднината на државата, за иднината сите наши деца, на сите наши граѓани и повикуваме на сериозност во овие историски моменти.
Членството во НАТО и ЕУ е врвен државен и национален интерес на многу генерации, поставен уште од денот на осамостојувањето на Македонија. Клучен процес во градењето на држава којашто функционира по европски правила и општество втемелено на европски вредности.
Држава во која политичка партија нема да ги уценува процесите со барање амнестија за криминалци, држава во која лидер на партија нема одредени новинари да ги нарекува платеници.
Наместо Македонија да ја гледа изолирана како „остров“, како што самиот вели, Мицкоски треба да ја гледа како океан од можности, интегрирана со демократскиот свет, напредна, просперитетна, сигурна и стабилна.
Време е ВМРО-ДПМНЕ да се ослободи од темното минато, да не биде заглавена во криминалната матрица на Никола Груевски и претходното раководство на партијата.
Цела Македонија се обедини за влез во ЕУ и НАТО.
Добро е и за ВМРО-ДПМНЕ, за нејзините членови и за самиот Мицкоки што поскоро да се одважат и да повикаат на референдумот да се излезе, да повикаат ЗА влез во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет.
Скопје, 02.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА