fbpx

Граѓаните се на прво место, обезбеден беспалтен превоз за сите ученици во средно образование во Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За претстојната учебна година, град Скопје обезбеди бесплатен автобуски превоз за сите ученици во средно образование без разлика на одалеченоста на нивното место на живеење од училиштето.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и локалната самоуправа, реализираа уште една мерка во интерес на граѓаните, младите, на учениците и родителите.

Истовремено, пред почетокот на учебната година, преку средства обезбедени со пренамената од непродуктивните проекти од Скопје 2014, се реконтсруираа фасадите на сите средни училишта кои имаа потреба од реконтрукација.

СДСМ, и преку централната и преку локалните власти што ги предводи продолжува да работи исклучиво во интерес на граѓаните и нивните потреби. Подобрување на квалитетот на живот, повеќе инвестиции и нови работни места остануваат врвен приоритет за СДСМ.

 

Скопје, 02.09.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести