fbpx

Неможејќи да се помири со економските успеси, ВМРО-ДПМНЕ работи против домашното стопанство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Неможејќи да се помири со успесите на економските политики како рекордниот раст на странски инвестиции од 327 милиони евра, растот на индустриско производство од 8,4 отсто во јули и зголемувањето на бројот на работници во индустријата за 7,2 отсто, ВМРО-ДПМНЕ јавно работи против домашното стопанство.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за скап увоз од фирми неретко и од оф-шор компании како што тоа го правеше за време на 11 годишното владеење, а на сметка на затворање на домашните компании кои придонесуваат за македонската економија.

ВМРО-ДПМННЕ знае дека Кочо Анѓушев е вицепремиер за економски прашања и нема мандат, ниту ингеренции да одлучува за тендери и знае дека тој се повлече од управувачките функции, а ја продаде и компанијата каде беше стопроцентнен сопственик, но сепак опозициската партија продолжува да шири невистини.

Помина времето на политички фирми, белизе шеми и преземења компании и рекетарски полиитки врз домашното стопанство, како што тоа 11 години го правеше ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска за сите економки субјекти важат подеднакви правила и критериуми, а со правилните економски политики на Владата предводена од СДСМ, зголемена е поддршката за домашните компании со што се овозможува нови инвестиции и отворање на нови подобро платени работни места.

ВМРО ДПМНЕ треба да смногне сили и во овие историски моменти за Македонија да се надмине. Иднината на Македонија е над политичките партии и препукувања. Наместо ширење лаги, време е ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во процесите кои што се ЗА членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Скопје, 01.09.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести