Соопштение за јавност
Сите политички партии, а пред се ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат одгворност за историскиот момент и иднината на државата и нејзините граѓани да ја стават над дневната политика.
Интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е поголема и поважана од сите политички партии, а прашањето за трајно зачувување и признавање на македонскиот идентитет е далеку поважно од меѓупартиските полемики.
Македонија се определи! Политички партии, граѓани, невладини организации, се определени за македонска иднина во ЕУ и НАТО.
Иднината е иста за сите и таа не познава етнички, религиски или политички разлики. Затоа, упатуваме повик до ВМРО-ДПМНЕ, да ја искористат шансата, да покажат дека навистина се ЗА ЕУ и НАТО, дека се ЗА европска Македонија. Тоа е шанса, на дело да ја покажат нивната децениска заложба за евроинтеграција.
Време е сите да бидеме едногласни во остварувањето на нашите стратешки и национални интереси.
Во интерес на иднината, сите треба да се приклучат, да излезат и да гласаат ЗА европска Македонија.
Скопје, 31.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА